Напишете го овде производот што го барате
Нашето неуморно тело секогаш заслужува малку разгалување и луксузен третман. Нашите производи за тело ги сакаат и вашите гради и задник и секој дел од вас подеднакво. Затоа уживајте во длабока, свежо парфимирана хидратација со освежувачките гелови за туширање, пилинзи и легендарните путери за тело – Манго путерот за тело има посебно место во нашите срца.
Време е за подолга сесија за нега на телото? Воспоставете баланс на вашиот ум и тело со нашата нова Welness колекција која е направена да ви помогне да ги наполните батериите, да ја обновите енергијата и да се конектирате.
Го сакаме и нашиот јогурт за тело со бадемово млеко кој ја остава кожата мека и негувана. Наместо свежи ливчиња од роза во бањата, кои да бидеме искрени ќе направат малку неред, тука е колекцијата од британска роза која ќе направи да мирисате на свежо набран букет рози. Кожата ќе го впие веднаш, а вашето тело ќе ви каже: Ахх, ти благодарам..