Search
БЕСПЛАТНА достава за нарачка над 1500 денари

Целта на оваа политика за приватност е да Ве информира во однос на личните податоци кои Аксиом ДОО Скопје (во натамошниот текст „контролорот“) во рамки на своите деловни активности ги обработува за вас. Друштвото Аксиом ДОО Скопје делува како сопственик и оператор по лицена на франшизата THE BODY SHOP, и во таа насока ја изготвува и оваа политика за приватност за да ве известува за обработката на вашите лични податоци при пристапување на нашата веб страница https://thebodyshop.mk/. Нашата веб страница претставува платформа за е-трговија, пркеу која корисниците можат да купуваат производи, како и да се регистрираат и креираат профил. Врз основа на Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст „законот“) при собирање на Вашите лични податоци, ние дејствуваме како контролор и за обработката на истите сме должни да ве информираме. Обработката на вашите лични податоци претставува многу сериозна активност за нас и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци. Воедно, при обработка на Вашите лични податоци секогаш се водиме од начелата поврзани со обработката на личните податоци, предвидени во законот.

Оваа политика се однесува на сите категории на субјекти на личните податоци, чии податоци ги обработуваме во согласност со закон.

Кои сме ние?

Контролор:

Назив: Друштво за трговија и услуги Аксиом ДОО Скопје

Адреса: Љубљанска бр.4 ТЦ Сити Мол – приз./лок.126А Скопје, Карпош

контакт маил: [email protected]

 

Контакт за овластено лице за заштита на личните податоци односно – Офицер: [email protected]  

 

Категории на субјекти на личните податоци

Ние како контролор за исполнување на нашите законски обврски, договорни обврски, за нормално функционирање на компанијата, исполнување на целите на проектот, како и во согласност со природата на работењето на компанијата, ги обработуваме личните податоци на следниве категории на субјекти на личните податоци:

  • Посетители на веб страницата – податоци за навигација, односно неопходни колачиња за нормално функционирање на веб страницата. Видете повеќе во политика за колачиња,
  • Кандидати за вработување – податоците за цели на вработување на соодветниот кандидат,
  • Корисници на on-line купување (онлајн нарачки и картичка за подароци) – податоците се обработуваат со цел исполнување на договорна обврска – испраќање на купен производ, наплата за продадените артикли.

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно собираме за вас како посетители на нашата веб страна, за време на вашата посета во нашата веб страна се податоци за навигација односно неопходни колачиња за нормално функционирање на нашата веб страница (повеќе информации во политиката за колачиња).

Веб страницата ви нуди можност да ни пишувате директна порака преку поставената контакт форма во делот на „Контакт“.

Исто така, веб страницата ја користиме и за информирање на јавноста со соопштенија, активности, попусти, наградни игри, акции, како и податоци за контакт (адреса на компанијата, телефонски број, маил и информациии за офицерот за заштита на личните податоци).

Посетители на нашата веб страница:

При посетата на на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса.
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел.
  • Вашиот оперативен систем.
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија.
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна.
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна.
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите.
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Повеќе информации во политика за колачиња.

Лични податоци на кандидати за вработување – Се обработуваат преку внесување на податоци во табот „Придружи ни се“  на нашата веб страна.

Личните податоци за кандидатите за вработување ги обработуваме преку доставувањето на нивните податоциCV, апликација за вработување, на напиот маил или преку пополнување на прашалникот на нашата веб страница „Придружи ни се“. Обработката на вашите лични податоци се врши во согласност со член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци, а кој се однесува на обработка на податоци за исполнување на договорни обврски или за да се преземаат активности за склучување на договор за вработување, како и врз основа на согласноста од страна на кандидатот за вработување. Во таа насока за вас како кандидати за вработување се обработуваат:

  • Име и презиме,
  • Возраст
  • Број за контакт
  • Опис на работно искуство,
  • Избор на број на часови кои би сакале да работите во нашата компанија.

 

Вашите лични податоци во текот на целиот процес на избор на кандидат се обработуваат со цел склучување на договор за вработување, донесување на одлука за висина на платата. По завршување на постапката, доколку сте избрани за работната позизија ќе се пристапи кон склучување на содоветен договор за вработување. Во спротивно, Вашите лични податоци, вклучувајќи ја документацијата која сте ја поднеле кај нас се бришат односно се уништуваат. Доколку сметаме дека вашето работно искуство може во иднина да биде потребна за нашата компанија, со ваша изречна согласност ќе продолжиме да ги чуваме вашите податоци за да бидете контактирани во моментот кога ќе се ослободи соодветно работно место. Оваа обработка на лични податоци се основа на вашата изречна согласност и како таква можете да ја повлечете во секое време бесплатно, при што повторно се пристапува кон бришење/враќање/уништување на вашите лични податоци.

Лични податоци на корисници на on-line купување

Нашата веб страница Ви нуди можност за онлајн купување на производи кои ги нуди нашата компанија. Податоците кои се прибираат за вас при купување на производите се користат исклучиво за навремена и точна испорака. Финансиските податоци кои ги внесувате при плаќање на производите се обрабтоуваат во соодветанта банка и истите не се обработени од страна на компанијата. Податоците кои се неопходни за извршување на испорака на купените производи кои вие ттреба да ги внесете во нашата веб страница се:

  • Име и презиме,
  • Улица и адреса
  • Место/град
  • Телефон
  • Е-маил – опционално

По внесување на неопходните податоци се нарачува прозиводот и понатаму се испорачува до дадената адреса.

Податоците се чуваат во согласност со внатрешните процедури за утрдување на роковите за чување, правилата за архивско и материјално работење како и правилата за финансико работење. Во нашата компанија вашите податоци се чуваат 3 години од денот на испорака.

Нашата веб страница ви овозможува доколку сакате можете да креирате и корсиничка сметка и да додадете дополнителни инфомрации за вашата нарачка докослку сметате дека тоа е потребно. Доколку сакате да продолжите со креирање на корисничка сметка, неопходно да изверете име на клиент, опционално месец и година на раѓање. Клиентот сам си избира лозинка за новоотворената корисничка сметка.

 

Споделување на лични податоци

Во зависност од категоријата на субјекти на личните податоци, со цел спроведување на законските права и обврски, можно е вашите податоци да бидат споделени со трети страни.

 

Откривање на лични податоци

Личните податоци кои ги обработуваме се откриваат само врз основа на писмено барање од овластени лица врз основа на закон.

Доколку контролорот ангажира обработувач, истото го врши со целосно почитување на член 32 од Законот за заштита на личните податоци, и ги презема сите технички и организациски мерки за заштита на обработката на личните податоци. При избор обработувач компанијата има донесено процедура за избор на обработувачи, која како критериум за избор го предвидува и нивото на усогласување со законот за заштита на личните податоци.

 

Безбедност на личните податоци

Компанијата ги презема сите технички и организациски мерки за обебзедување на безбедност на обработката на личните податоци соодветно на ризикот на правата и слободите на субјектот на личните податоци. Компанијата вложува посебни напори и средства за обука за заштита на личните податоци на вработените, а посебно на офицерот за заштита на личните податоци. Податоците во хартиена верзија се чуваат во посебни простории и пристапот е ограничен само на овластените лица. Податоците во електронска верзија се обработуваат во апликации кои се користат на ниво на компанијата, во кој исто така е ограничен пристапот и се преземени сите технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

 

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека компанијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци. Веб страна: https://azlp.mk/