Search
БЕСПЛАТНА достава за нарачка над 1500 денари

ПОЛИТИКА ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЦЕЛИ НА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ

 

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата https://thebodyshop.mk (во понатамошниот текст: веб страница) може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат (во понатамошниот текст: корисникот).

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при вршење на нарачки при купување на веб страницата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на корисникот, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на корисникот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата. Дополнително, секој посетител на веб страницата може своеволно да се претплати на известувања со внесување на својот е-маил, со што ќе може да прими пораки со маркетиншки материјали. Во нашите продавници ќе ви биде понудена и писмена согласност за да ве контактираме за маркетиншки цели.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се  доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.

Со повлекување на согласноста Вашите податоци неповратно се бришат, и за повторно да добиете наши пораки треба да се даде нова согласност преку дадените опции на нашата веб страница.